Авиокомпанијата "Ер Свиден" од март ќе започне да лета од Копенхаген за Скопје, објави порталот за авиосообраќај "Екс ју ејвиешен њуз". "Ер Свиден" се надева дека ќе може да го искористи успехот кој Виз ерр го имаше со својата линија Скопје-Малме. "Виз Ер" пренесе 2.802 патници во првиот месец откако лансираше лет за Скопје, а Ер Свиденн ќе лета двапати неделно меѓу данскиот главен град и Скопје со авион "Ербас А320". Порталот известува и дека "Аустријан ерлајнс" била авиокомпанија со најголем број пренесени патници во 2012 до скопскиот аеродром и додава дека таа е најпопуларна меѓу бизнисмените. На второ место е "Туркиш трлајнс", а на трето "Виз ер". Кога станува збор, пак, за летовите од скопскиот аеродром, најпопуларна компанија лани била ЈАТ ервејс", на второ место е "Кроација ерлајнс", а на трето "Адрија ервејс". Цирих, Истанбул и Виена се најпопуларни дестинации за патниците кои летаат од Скопје.
Авиокомпанијата "Ер Свиден" од март ќе започне да лета од Копенхаген за Скопје, објави порталот за авиосообраќај "Екс ју ејвиешен њуз".
"Ер Свиден" се надева дека ќе може да го искористи успехот кој Виз ерр го имаше со својата линија Скопје-Малме.
"Виз Ер" пренесе 2.802 патници во првиот месец откако лансираше лет за Скопје, а Ер Свиденн ќе лета двапати неделно меѓу данскиот главен град и Скопје со авион "Ербас А320". Порталот известува и дека "Аустријан ерлајнс" била авиокомпанија со најголем број пренесени патници во 2012 до скопскиот аеродром и додава дека таа е најпопуларна меѓу бизнисмените. На второ место е "Туркиш трлајнс", а на трето "Виз ер".
Кога станува збор, пак, за летовите од скопскиот аеродром, најпопуларна компанија лани била "ЈАТ ервејс", на второ место е "Кроација ерлајнс", а на трето "Адрија ервејс". Цирих, Истанбул и Виена се најпопуларни дестинации за патниците кои летаат од Скопје.